ЗЛАТНО ДЕВОЈЧЕ – МАКЕДОНКА НА ЕВРОПСКИОТ ТРОН: Христијана Парулеска освои златен медал на Европското првенство во таеквондо во Италија!
Македонската репрезентативка во традиционално таеквондо, Христијана Парулеска од Охрид, освои златен медал на Европското првенство што се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.
Државната првенка Парулеска во финалето во борба до 50 килограми ја совлада репрезентативката на Украина и се искачи на континенталниот трон. Ова е првпат во историјата македонската химна да се интонира на Европско првенство во традиционално таеквондо.
Парулеска пред два дена во силна конкуренција репрезентативци од 27 држави од контитентот освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Макрон: Доколку е потребно, протестите ќе бидат…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Инџиково без вода за пиење
Поради изведување водоводен приклучок во близина на…
Почина Васко Јолески, претседателот на „Храбро срце“…
Почина Васко Јолески од Струга, претседател на…