Нова одлука на германското МНР: Се протеруваат повеќе од 20 руски дипломати
Германските власти донесоа одлука за масовно протерување на руски дипломати, а Москва како одговор реши да возврати со иста мерка, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
„Германските власти одлучија за ново масовно протерување на вработените во руските дипломатски претставништва во Германија. Силно ги осудуваме акциите на Берлин, кој продолжува демонстративно да ја уништува целата структура на руско-германските односи, вклучително и дипломатската димензија“, се вели во соопштението.
Како што беше прецизирано, германската страна и покрај повеќекратните ветувања дека нема намера да ја обелодени приказната во јавноста, сепак ги прекрши ветувањата со тоа што ги информираше претставниците на медиумите, кои редовно ги користи за „контролирано истекување информации“ и дезинформации, за своите намера.
„Како реакција на непријателските дејствија на Берлин, руската страна донесе одлука за реципрочно протерување германски дипломати од Русија, како и за значително ограничување на максималниот број вработени во германските дипломатски претставништва на територијата на Руската Федерација. Германскиот амбасадор во Русија, Андреас фон Гејер, беше официјално информиран за ова на состанокот во руското Министерство за надворешни работи на 5 април 2023 година“, соопшти руското Министерство за надворешна политика.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за Спутник дека над 20 руски дипломати се протерани од Берлин.
Таа истакна дека од Русија биле протерани и повеќе од 20 германски дипломати.
Летот од Москва до Берлин е поврзан со промената на составот на дипломатските претставништва.
Германските медиуми објавија дека, без оглед на забраната за летови на руски компании, утрово со директен лет од Москва до Берлин пристигнал авион, кој по неколку часа се вратил во Русија.
„Сојузната влада и руската страна комуницираа во последните недели во врска со комплетирањето на соодветните претставништва во странство. Денешниот лет е поврзан со тоа“, објаснува за Спутник извор во германското МНР.
Извор од германското Министерство изјави и дека германските власти добиле соопштение од руското МНР во врска со протерувањето на руските дипломати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Фолксваген укинува 35.000 работни места во Германија…
Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген ќе…
Саудиска Арабија ја предупредила Германија за осомничениот…
Саудиска Арабија ја предупреди Германија за човекот…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Напаѓачот во Германија е Саудиец, масакрот го…
50-годишен доселеник од Саудиска Арабија е напаѓачот…