Објавено на:

Македонскиот бодибилдер Ивица Јанев балкански шампион на ИФББ шампионатот

t

Бодибилдерот Ивица Јанев е крунисан за балкански шампион на „IFBB“ шампионатот за бодибилдинг и фитнес кој се одржува викендов во Скопје. Тој уште еднаш го докажа својот натпреварувачки дух со победата на Балканското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржува викендов во Скопје.

Ивица беше прогласен за Балкански шампион во бодибилдинг Класик Физик, од страна на Меѓународната федерација за бодибилдинг и фитнес (IFBB), потврдувајќи ја својата позиција за еден од најдобрите бодибилдери на Балканот.

– Навистина сум среќен што после четири години повторно сум шампион на Балканот. Конкуренцијата е голема на Балканот, така што горд сум на оваа титула, која е Шампион во бодибилдинг „Classic Physique“. Ова е само еден поттик како за сите идни натпревари така и во моето работно достигнување во бодибилдинг кариерата, изјави Јанев.

Тој неодамна го освои Дијамантскиот куп во српски Чачак и Трофеј на Чачак, каде што беше прогласен за двократен апсолутен шампион. Има освоено шест злата и две титули апсолутен победник и една Про карта од два меѓународни натпревари одржани во Србија.

Следен предизвик за Јанев е Европското првенство кое ќе се одржи во Санта Сузана, Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…

Авион на линијата Тел Авив – Виена…

Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…