Објавено на:

Дака: Излегувале, не излегувале Србите, изборите нема да се повторат, резултатите се конечни

t

Поранешната претседателка на косовската Централна изборна комисија (ЦИК), Ваљдете Дака за Радио Слободна Европа изјави дека и покрај слабиот одѕив на гласачите на северот на Косово, претседателите на општините ќе бидат избрани и дека изборниот процес може да се повтори само доколку има неправилности.


„Нема да има повторување на изборите, освен ако процесот е нерегуларен. Но, во редовни околности, кога граѓаните излегуваат и гласаат, си ја вршат својата должност, гласачките места се затворени, гласовите се пребројуваа. Нема да има повторување“, изјави Дака.

Коментирајќи го слабиот одѕив кај Србите од северот на Косово, Дака оцени дека со неучеството на изборите, тие испраќаат порака до Владата на Косово дека нема да ги прифатат оние кои ќе победат на овие избори.

Според неа, изборите се организираат и се одржуваат според сите законски правила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…