Објавено на:

Турција очекува над 50 милијарди евра приход од туризам оваа година

t

Турција очекува 50,59 милијарди евра приход од туризмот оваа година, што ќе и помогне на турската економија полека да се опорави од последиците од разорниот земјотрес во февруари.

„Турција е атрактивна дестинација поради падот на вредноста на турската лира и поради инфлацијата на европските пазари, особено во Велика Британија“, смета шефот на туристичкиот одбор на Мармарис, Али Кирли.

Очекувањата се големи, бидејќи приходите од туризмот претставуваат 10 отсто од БДП на Турција, а во 2022 година околу 1,7 милиони луѓе, или 5 отсто од сите вработени во Турција, работеле во секторот за сместување и услуги за храна, пренесува Ројтерс.

Закрепнувањето на турскиот туризам засега е бавно, бидејќи податоците покажуваат дека по земјотресот, бројот на посети на Истанбул за две ноќевања е намален за 31 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, наведува агенцијата ForwardKeys.

Покрај стравот од нов земјотрес, на туристите им попречуваат и претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат во Турција на 14 мај, па туристичките експерти дури по тој период очекуваат значително зголемување на посетите.

Податоците од популарните турски летувалишта се надежни, бидејќи бројот на туристи во одморалиштето Анталија во март е зголемен за 54 отсто во споредба со истиот период минатата година, јави Танјуг.

Туристите од Русија предничат, а потоа следат Германците и Британците.

44,56 милиони луѓе ја посетиле Турција во 2022 година, што е скок од 80 отсто во споредба со претходната година, но ова е сепак помалку отколку во 2019 година, кога земјата ја посетиле 45,06 милиони луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Анкета) Србија е најголем сојузник на Македонија,…

За најголем сојузник на Македонија нашите граѓани…

Лекувањето во странство нѐ чинело пет милиони…

Намалување на бројот на барања за лекување…

Министерството за правда ѝ се заблагодари на…

Министерството за правда и министерот Кренар Лога…

Ердоган: Xитлеp би позавидел на геноцидните методи…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска…

Најмалку осум лица загинаа, 11 се повредени…

Најмалку осум лица загинаа, а 11 други…