Четири години суспензија за Борко Ристовски поради клевети кон Даниел Димевски
Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски и сѐ уште актуелен голман на македонскиот првак Вардар доби четиригодишна суспензија од Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) поради навреди кон претседателот на македонското олимпиското движење Даниел Димевски.
Дисциплинската комисија на МОК го казнила Ристовски со четиригодишна суспензија, откако во март бил пријавен од Димевски за гостување на телевизија како претставник на политичка партија каде што „ширел невистини, лаги, клевети и неточни информации“.
И поради тоа, заради нарушување на имиџот, но и прекршување на статутот и правилниците на олимпиското движење, доби жестока казна од дисциплинската комисија – забрана за вршење дејност спорт во траење од четири години.
Ристовски има право на жалба од осум дена, а дисциплинецот како отежителна околност го земал и податокот дека Ристовски не се извинил.
Прашање е сега дали Ракометната федерација (РФМ) и Вардар оваа казна ќе ја прифатат?


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СВЕТОТ ПРЕД НОВА ПРЕХРАНБЕНА КРИЗА: Ѓубривата исчезнуваат,…
Светската економија се соочува со опасна комбинација…
Ким Џонг Ун во кома? Се шират…
На социјалните мрежи се шират драматични тврдења…
ИВОР МИЦКОВСКИ СО ИРОНИЈА ЗА ИЗБОРНИОТ ПОРАЗ…
Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски со ироничен коментар…
Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и…
Амбицијата на Владата е огромна, да се…
Европа влегува во зимата со ниски резерви…
Европа ја пречекува зимата со пониски резерви…