СБ: Македонија годинава ќе забележи благ раст на БДП од ланските 2,1% на 2,4%

t

Македонија годинава ќе забележи благ раст на БДП од ланските 2,1% на 2,4% годинава, предвидуваат новите проекции на Светската банка.

13
Објавил:

Дејан Трајкоски

25 април 2023, 15:42
Сподели
Сподели

Сепак, во редовниот извештај, што беше презентиран денеска, стои дека Македонија и натаму е меѓу земјите со најнизок раст во Западен Балкан.. Годинава, понизок ќе има само Србија, но очекувањата се идната година и тие да не одминат.

Пооптимистички се проекциите за инфлацијата, која годинава се очекува да се врати на едноцифрена стапка од 9,1%, а веќе следната да падне на 3%. Она што и понатаму останува загрижувачки се високите стапки на јавниот долг, па од Светска банка го поддржуваат воведувањето на солидарен данок кој би го плаќале тие што најмногу заработија во псоледните кризни години.. Со јавниот долг, полоша е состојбата единствено во Косово.

-Јас лично не подржувам контроли врз цените, меѓутоа ако погледнеме истражувања за земји членки на ЕУ и ако ги разгледаме маржите во Македонија, она што се случи во изминативе години поради несовршената конкуренција видовме големи зголемувања на маржите односно профитите кои што не можат да се објаснат или оправдаат со било што, што се случува на пазарите во моментов освен со монополистичка или олигополистчка позиција, односно недостатоци на пазарот кои што им одат во прилог на број од учесниците во пазарот, а одат на штета на голем дел од населението, најмногу најранливите категории, – Сања Маџаревиќ – Шујстер – Виш економист за земјите од Западен Балкан.

Во време на криза, според Светска Банка не е препорачливо ниту да се зголемат функционерските плати за 78%, можност која се отвори по одлуката на Уставен суд да укине два члена од законот за работни односи со кои беа замрзнати платите на функционерите. Маџаревиќ-Шујстер се надева, дека Владата ќе изнајде решение да се избегне ваквата состојба.

-Сметаме дека ова не е најдобриот начин да се постапува, мислам дека има потреба да се дополни оваа одлука и мислам дека Владата работи на законодавни механизми тоа да се постигне.

Од светската банка сметаат дека, ситуацијата би се подобрила и со зголемувањето на акцизата и на даноците на продукти како цигарите, алкохолните и безалкохолни пијалаци. Прогнозираат дека ќе има подобрување на состојбата, но постојат ризици, најмногу поради руско-украинскиот конфликт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…

Унгарската Национална служба за обновување и заштита…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…