18-годишник украл тротинет во Градскиот парк
На 25.04.2023 во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Д.А.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 24.04.2023 во Градски парк одзел електричен тротинет од 20-годишник од с.Марино, општина Илинден.
Д.А. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Остана ли некој нормален? Повторно пријавена украдена…
Скопјанецот Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција…
Жена ограбила книжарница во Штип
На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…
Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…
Жител на Волково вчера пријавил дека од…
Болест: Украдена биста на почината жена од…
Скопјанец пријавил дека била одземена биста со…
Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и…
Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје,…