Германски компании СЕ ТУЖАТ ЗА ТЕНК – Кој ги има ПРАВАТА
Две компании кои заеднички учествуваат во производството на еден од најмодерните тенкови „Леопард 2“ се вклучија во правен спор за правата на интелектуална сопственост.
Компанијата Рајнметал, која беше ставена во центарот на вниманието минатата година кога Германија ги зголеми трошоците за одбрана, е обвинета од компанијата Краус-Мафај Вегман (КМВ), а рочиштето во судот во Минхен е закажано за 2 мај, објави Ројтерс.
Под притисок на сојузниците, германската влада се согласи оваа година да испрати тенкови Леопард 2 во Украина, кои се сметаат за клучни оружја што ги бара Киев во подготовка за голема пролетна контраофанзива.
Рајнметал ги прави топовите за Леопард 2, додека КМВ ја прави шасијата за тенкот. КМВ со тужба реагираше на изјавата на извршниот директор на Рајнметал, Армин Пејпергер дека компанијата ги поседува правата на моделот „Леопард 2А4“. Окружниот суд во Минхен денеска објави дека КМВ бара правна заштита за да го спречи Рајнметал да дава изјави за кои КМВ смета дека се „невистинити, фактички неточни тврдења кои ги нарушуваат нејзините права“.
Не е јасно какво влијание може да има спорот врз соработката на двете компании, кои минатата недела заеднички ја објавија наредбата на германската армија за надградба на 143 борбени возила Пума, чија вредност се проценува на околу 770 милиони евра, наведува Ројтерс. .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Бебето Хана едвај преживеа,…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Јас сум мајката на…
Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…
Индија од 2023 година наваму продала на…
ПРИОРИТЕТ ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА РУДАРСТВО СЕ…
Властите прогнозираат дека ефектите од рудниците можат…
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…
Путин: Во контакт сме со Илон Маск
Русија е во контакт со американските партнери,…