Апасиев го праша Ковачевски: Колку пари од “Маџар Телеком” Ви легнаа на сметка во “Дојче Банка”

t

Сите мои трансакции кои сум ги имал како вработен во Македонски Телеком и во Телеком Австрија групација се врз основа на договор за работа, односно менаџерски договор, кои што се пријавени во Управата за јавни приходи и не постојат никакви дополнителни или други приходи по кој било основ, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Димитар Апасиев, во врска со, како што праша лидерот на Левица, „вашата инволвираност во аферата Маџар Телеком“, премиерот рече дека сите трансакции што ги имал се врз основа на договор за работа, а информациите кои што ги истакна пратеникот Апасиев во врска со инволвираноста на премиерот во аферата, рече дека не може да ги потврди.

-Првото прашање се однесува на Вашата некогашна инволвираност во аферата ‘Маџар Телеком’, за којашто некои истражувачки новинари веќе со месеци континуирано објавуваат.

Маџар Телеком’ е една од најкоруптивните афери во Европа, кога практично цела тогашна владејачка и опозициска гарнитура се поткупени!

Во тоа време, премиер е Бучковски, опозициски лидер е Груевски, а коалициони лидери во власта се Али Ахмети и Муса Џафери.

Поткупен е практично цел македонски парламент. Срамота е за нас како држава, тоа што американски судови досудија, а нашите дури сега, и тоа само на странци, а не се осудени споменатите политичари кои го зеле митото за кое се зборува дека е од 7,5 милиони, па се до 15 милиони ЕУР.

Моето прашање е: Дали ви отворија сметка во ‘Дојче Банка’ и колку пари ви легнаа на таа сметка од овие трансакции?“ – праша Апасиев.

На дополнително прашање од пратеникот, дали премиерот има оф-шор сметки, тој одговори дека нема.

Во однос на прашањето за каматите кои што ги наплаќаат банките, поставено во насока „дали вие како владејачка партија, ќе поддржите законска измена во Законот за облигациони односи и во Законот за извршување, каде што ќе се забрани течењето камата на камата?“, премиерот одговори дека истото прашање е веќе во собраниска процедура.

– Законот за финансиски друштва е веќе мислам петти месец во собраниска процедура, во кој што се регулира давањето на кредитите, нивната висина, вкупните трошоци кои што може да ги наплаќаат давателите на кредити, и тоа е нешто што е веќе на разгледување во Комисиите помеѓу пратениците и јас ги поттикнувам што побрзо да ги донесат тие измени, рече премиерот.

Дополни дека ќе се направи и анализа на законите во делот на облигационите односи, наплаќањето на каматите.

– И трета работа за која што треба да се разговара во Собранието, бидејќи се работи за Закон за банки, е во делот на регулирање на каматите и тоа особено на односот помеѓу активните и пасивните камати, како и примената на активните и пасивните камати при пазарни нарушувања како што имавме во времето на оваа криза, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…