Објавено на:

Толку од пријателството: Србија ги откажа воените вежби со Грција

t

Грчките медиуми ја пренесуваат изјавата за благодарност на Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија и претседател на СПС, до Сириза и цитираат дека шефот на српската дипломатија е „длабоко благодарен на грчките браќа и пријатели од Сириза, Алексис Ципрас и Јоргос Катругалос, за нивната безрезервна јавна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија“, пренесува Политика.


Во текстовите на тема воздржана грчка позиција при гласањето за прием на Косово во Советот на Европа, кое, како што потсетуваат медиумите, предизвика бурни реакции од Белград, укажува на изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата во владата на Ципрас, Јоргос Катругалос.

Тој во име на партијата го критикуваше владиниот став, посочувајќи дека е изнесен без консултации со политичките сили во земјава, иако, како што рече, го менува цврстиот грчки став во однос на прашањето за Косово.

Исто така, потсетуваат медиумите, Катругалос посочи дека Грција мора секогаш да промовира мир и стабилност на Балканот, поддржувајќи заемно прифатливи чекори и решенија, како и дека воздржаната позиција при гласањето за прием на Косово во Советот на Европа не придонесува за таа цел и во исто време ја ослабува улогата на посредник што Грција треба да ја има во регионот.

„Њузбрејк“ нагласува дека Белград е изненаден и револтиран бидејќи, како што се наведува во текстот, се се случува веднаш по посетата на претседателката Катерина Сакеларопула на Србија, која на средба со претседателот Александар Вучиќ изразила уверување дека во однос на прашањето за независноста на Косово и Грција останува стабилна и непроменета.

Во текстот се нагласува дека оваа позиција не е потврдена во пракса и дека тоа „го остава Косово со надеж за промена на грчката позиција“.

„Катимерини“ пишува дека српското учество на воената вежба „Орион 23“ е откажано.

Весникот наведува дека српските специјални единици не се појавиле на оваа мултинационална вежба под команда на Генералштабот на националната одбрана и командата за специјални војни на Грција.

Во исто време се одвиваше воздухопловната вежба „Иниохос“, но српската единица не дошла иако беше пријавена за учество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…