И Македонците беа ама… Мнозинството Срби се против француско-германскиот предлог за Косово
Априлското истражување на “Новата српска политичка мисла” покажува дека мнозинството Срби се против француско-германскиот договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека третина од анкетираните го доживуваат тој документ како де факто признавање на Косово.
Последното истражување на НСПМ покажува дека мнозинството граѓани не ни знаат што точно стои во француско-германскиот договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, но и дека голем број од испитаниците се против.
На прашањето „Дали го поддржувате француско-германскиот договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово?“ „Да“ одговориле 17 отсто од граѓаните, негативно одговориле 37,9 отсто, а неопределени се 44,6 отсто.
Само 9,5 отсто од граѓаните се целосно запознаени со содржината на договорот, 41,1 отсто се делумно или површно свесни, додека 49,4 отсто од српските граѓани воопшто не се запознаени.
Иако речиси 50 отсто од граѓаните признаваат дека не се запознаени со текстот на договорот, сепак има 27,7 отсто од оние кои сметаат дека тој всушност ја признава независноста на Косово. Оние кои не го делат ваквото мислење сочинуваат 36,6% од испитаниците, додека 35,7% од граѓаните одговориле со „не знам“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…