Објавено на:

Нож во грб: Украина нема да добие покана за членство во НАТО, вели чешкиот претседател

t

Претседателот на Чешката Република Петр Павел денеска по враќањето од дводневната посета на Украина изјави дека тие во Киев многу добро знаат дека нема да добијат покана од НАТО на самитот во Вилнус во јули, ниту датум за влез во НАТО, ниту пак можат да сметаат на колективна одбрана со западните воени сојузници.

„Украинците очекуваат во Вилнус изјава за поддршка од сојузниците и нешто во форма на безбедносни гаранции. Нацрт документот за безбедносна гаранција е подготвен, го разгледуваат западните сојузници. Гаранциите нема да имаат форма на член 5 од Договорот за НАТО, но можеме да ги погледнеме, на пример, гаранциите дадени на Финска во периодот пред да стане полноправна членка на НАТО“, изјави чешкиот претседател   по слетувањето во Прага.

Петр Павел истакна дека ниту украинскиот претседател Володимир Зеленски, ниту другите високи украински функционери не се наивни и дека многу добро знаат дека на летниот самит на НАТО нема да има одлука за прием, ниту конкретни датуми, ниту патокази.

„Општото ветување беше дадено на самитот во Букурешт“, потсети чешкиот претседател и додаде дека Чешка ќе го поддржи почетокот на преговорите на Украина со Европската унија оваа година, а еден ден, веројатно, и влезот на државата во НАТО.

Претседателот Павел, поранешен шеф на Воениот комитет на НАТО, постојано предупредува дека Украина не може да се приклучи на НАТО додека трае војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…