Објавено на:

(Видео) Интер не ја заборава легендата: Пандев доби дрес и овации на „Меаца“

t

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев едни од најдобрите денови во кариерата ги помина во дресот на Интер со кој ја освои тројната круна, а денеска пред дербито со Лацио си доби дрес од поранешниот италијански шампион.

Пандев доби дрес и овации од навивачите на „Џузепе Меаца“, по што даде изјава и кажа дека Интер заслужува оваа година да игра во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

„Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер. Што мислам за дербито во Лига на шампиони? Тоа ќе биде убав натпревар, ќе биде поразличен од тој во лигата и се надевам дека Интер со два добри настапи ќе обезбеди финале. Исто така, морам да кажам дека Симеоне Инѕаги е многу добар тренер“, кажа Пандев.

Поранешниот македонски фудбалер одигра 69 натпревари за „нераѕурите“ и освои вкупно шест титули.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Макрон: Доколку е потребно, протестите ќе бидат…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Инџиково без вода за пиење

Поради изведување водоводен приклучок во близина на…