Објавено на:

(Видео) Тренерот на МЗТ влета до пола терен и патем собори противнички кошаркар

t

Кошаркарите на Кожув изненадувачки имаат двоцифрено водство по првото полувреме на вечерашното гостување кај МЗТ Скопје (49-39) во првиот четвртфинален меч од домашниот плејоф, со што донесоа голема нервоза во таборот на шампионот.

Таа најмногу можеше да се види кон средината на втората четвртина, кога тренерот на домашните, Драган Николиќ, лут по една судиска одлука среде меч влета речиси до половина терен да протестира кон судиите. Но, не забележа дека позади себе го има противничкиот кошаркар Гордон, кој налета на него по што за малку не дојде до голем инцидент. Американецот беше збунет и сакаше пожестоко да изреагира, но беше спречен од своите, а највоинствен се покажа центарот на „металците“, Абдул-Малик Абу, кој ја напушти клупата влегувајќи во теренот за да се објаснува.

*инцидентот е на 5:50 минути до крајот на втората четвртина

Николиќ, очекувано, беше исклучен, а истото го снајде и Абу, кој според правилата беше отстранет до крајот на средбата поради напуштање на клупата во случај на инцидент.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…