Објавено на:

Браво: Мила Рељиќ освои бронза на Европското клупско првенство во Софија!

t

Македонската теквондо репрезентативка Мила Рељиќ се враќа со бронза од Европското клупско првенство во Софија. Со 3 извонредни победи Рељиќ освои бронзен медал во силна конкуренција на првенството во Бугарија.

Во првото коло Мила беше поуспешна од Ива Петровиќ (Србија) со 2:1, во второто коло беше подобра од извонредната Летонка Инес Тарвида со 2:1, а во борбата за медал славеше и над Хрватката Хелена Кичема во 2:0. Кичема е актуелна европска вицешампионка до 21г.

Во полуфиналето Мила изгуби од Јоланта Тарвида од Летонија. Со овој медал Рељиќ силно чекори кон медал на претстојното светско првенство во Баку, Азербејџан на почеток на јуни и Европските Олимписки Игри кон крај на јуни во Краков, Полска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Нема да дозволиме да ја украдат…

На самиот крај од изборната кампања, пред…

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО,…

Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во…

Трамп најави дека ќе објави детали за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека располага…

Преговори за нов попуст: ќе продолжи ли…

Ќе плаќаат ли возачите помалку за дизел…

Барнам: Британија се соочува со „економска катастрофа…

Велика Британија се соочува со „економска катастрофа…