Залужни: Украина успешно се одбрани од руските ракетни напади – Соборени 15 од 18 ракети
Воздухопловните одбранбени сили на Украина уништија 15 крстосувачки ракети, од вкупно 18 истрелани, при синоќешниот масовен руски ракетен напад, соопшти командантот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни.
Според него, руските сили ја нападнале Украина од стратешки авиони – девет Ту-95 од регионот Мурманск и два Ту-160 од регионот на Каспиското Море, пренесува Униан.
Залужни изјави дека руските сили користеле крстосувачки ракети Х-101/Кх-555.
Во цела Украина тревогата за воздушна опасност синоќа траеше неколку часа, а на повеќе области беше активна украинската ПВО.
Шефот на градската управа во Киев, Серхи Попко, изјави дека, според прелиминарните информации, силите за воздушна одбрана ги уништиле сите руски ракети и беспилотни летала во воздушниот простор на Киев.
Според него, нема информации за жртви или материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…