Траги-комедија: Судскиот совет и денеска не избра нов претседател

t

Пропадна и вториот обид на членовите на Судскиот совет да изберат претседател кој ќе ја замени разрешената Весна Дамева.

Во денешното соопштение од Судскиот совет не се наведува причина за одложување, ниту за кога се презакажува седницата.

Судскиот совет на Република Македонија известува дека 439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) во 11:00 часот се одлага. За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение, стои во денешното соопштение од Судски совет.

Заменик-претседателот Селим Адеми минатата недела ја разреши Дамева од функцијата претседател на Судски совет. Целата седница помина во тензична атмосфера, а многу експерти ја оспорија и осудија одлуката на Адеми.

Разрешената претседателка Дамева произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата рече дека се надева оти „во наредните денови ќе има доволно време да се обезбеди потребното мнозинство“.

Мене ми е навистина непријатно што ова се случува. Иако морам да бидам искрена, како што сум била секогаш, дека очекував дека ќе имате мнозинство да се изгласа во овој момент, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето незаконско разрешување без спроведена каква било постапка, понатаму на некој начин ќе се легализира, коментираше Дамева.

Нејзиниот колега, Адеми е согласен со експретите дека треба да се регулира прашањето околу „разрешување на претседател на Судски совет“.

Во закон не е предвидено како се разрешува и дали може да се разреши претседател на Судски совет, но се што не е забрането со Устав и со закон е дозволено, изјави тој интервју за „Портплаб“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски ги оцени советниците во Општина Карпош…

Советниците од Општина Карпош, кои живееле во…

Арсовска: Во Град Скопје се формираше совет…

Денеска во Град Скопје се формираше Советот…