Ковачевски изрази сочувство за трагедијата во Белград: Нашите мисли се со семејствата на починатите
Трагична вест од Белград, нема зборови кои ќе ја надоместат болката и тагата на оние кои денеска изгубија свои блиски, напиша премиерот Димитар Ковачевски на „Фејсбук“ по трагедијата што се случи утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград, кога ученик на возраст од 14 години застрела осум деца и лице за обезбедување.
Ковачевски во име на Владата и во свое лично име изрази длабоко и искрено сочувство за загубените животи.
-Нашите мисли се со српскиот народ и семејствата на починатите и повредените, со надеж за брзо закрепнување, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Во цела Србија е прогласена тридневна жалост, почнувајќи од петок, 5 мај, а завршува во недела на 7 мај, по страотниот напад што се случи во едно белградско училиште кога ученик влегол и почнал да пука кон своите врсници и вработени. Убил осум студенти и еден чувар. Неколкумина се повредени, меѓу кои и наставничка чии лекари се борат за нејзиниот живот. Наставата денеска нема да се одржува, а утре ќе започне со едноминутно молчење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Газдата на „Алта банка“ е приведен во…
Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…