Објавено на:

Ученик им се заканувал на соученици: Инциденти и во училиште во Црна Гора

t

Тринаесетгодишен ученик им се заканувал на учениците од своето одделение во основното училиште „Душан Кориќ“ во Бијело Поље, пренесуваат црногорските медиуми.


Од Министерството за образование потврдија дека во ова училиште се случил инцидент, а поради тоа наставата била прекината.


„Известени се полицијата и Центарот за социјална работа, кои презедоа дејствија од нивна надлежност. Децата по инцидентот се пратени дома“, соопшти Министерството за образование.
Како што изјавија, утре со момчето на час ќе присуствува училишниот психолог.
Велат и дека се работи за ученик кој три пати го менувал училиштето поради недолично однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…

65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…

Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…

По вознемирувачкиот случај на физички и психички…

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…