Објавено на:

Османи: Нема да ѝ дадеме на Србија аргумент да ја оспорува независноста на Косово

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, говорејќи за ЗСО, истакна дека на Србите во Косово ќе им се дадат сите права според европските стандарди, но дека на Србија нема да ѝ се даде „инструмент кој постојано ќе ја оспорува независноста на Косово“ , пренесува Национале.


Во интервју за Би-Би-Си, зборувајќи за резултатите од разговорите на највисоко ниво во Брисел и Охрид, таа оцени дека Декларацијата за исчезнати лица е позитивен чекор во дијалогот.

Сметам дека тоа е едно од најголемите достигнувања во процесот на дијалог, бидејќи е еден од оние договори кои директно влијаат на животот на луѓето“, рече Османи.

На прашањето зошто Приштина е против формирањето на ЗСО, таа одговори дека „Србија е прва што не ги исполнува своите обврски“.

„Во Брисел беа постигнати речиси 40 договори меѓу лидерите на Косово и Србија во изминатите 11 години. Прашањето за ЗСО беше само еден од договорите. Треба да се напомене дека Србија не ги спроведе повеќето од овие договори, вклучително и обврската за признавање на косовските документи“, рече Османи.

Таа додаде дека Косово не бега од своите обврски.

Подготвени сме да направиме се, да понудиме се по европски стандарди за да ги задоволиме правата на Србите. Но, на Србија не можеме да и дадеме инструмент со кој постојано ќе го напаѓа Косово како независна држава“, рече Османи.

Таа изјави дека бојкотот на локалните избори на северот на Косово на 23 април од страна на српската заедница „не бил доброволен“.

Според неа, поучена од историјата, нормализацијата на односите е можна само преку меѓусебно признавање, чие отсуство од договорот Брисел-Охрид, како што наведе, ја разочарало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…

Министерот за надворешни работи на БиХ го…

Министерот за надворешни работи на Босна и…