„Кој рече дека 22 години се малку за да бидам мајка“: Антониа ја откри причината зашто толку рано се одлучи да основа семејство

t

Оваа година за Антониа Гиговска дефинитивно ќе остане запаметена по многу нови нешта кои и се случија на приватен план. Откако објави дека е во врска со новото момче Роберт Спасенцовски – Џокер, потоа дека е бремена, па дека љубовта ја крунисале со брак, она што последно го објавија е полот на бебето кое на свет треба да дојде наскоро со оглед на тоа дека Антониа е во поодмината бременост.

Иако многумина беа изненадени од ваквите одлуки на пејачката со оглед на тоа дека е релативно млада и во екот на кариерата, таа даде одлично објаснување зашто токму сега се одлучила да заплива во брачните води и да стане мајка.

-Јас од секогаш сакав да сум млада мајка, и кога некоја девојка би ме прашала што мислам на таа тема, ќе и кажам дека нема ништо поубаво од тоа да бидеш мајка на млади години…, напиша Антонија, на својот инстаграм профил.

Покрај тоа, пејачката додаде дека воопшто не ја засегаат коментарите за приватниот живот.

-Некогаш негативниот коментар е позитивна критика, па се обидувам да го применам кога станува збор за музиката, меѓутоа кога е нешто за мојот приватен живот, навистина не читам и не ме интересира, изјави Антониа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…

Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…

ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…

Лидерите на Европската Унија и на НАТО…

Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…

Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…

Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…

(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…

Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…