Ивановски обезбеди осминафинале во Куршумлиска бања
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го совлада Виктор Јовиќ со 2-1 во сетови, односно 3-6, 6-3 и 6-4 за пласман во осминафинале на турнирот во Куршумлиска бања.
Ивановски имаше проблеми во првиот сет, а тоа го искористи српскиот тенисер кој го доби сетот со 6-3.
Македонскиот тенисер се реваншира во следниот сет кој го доби со 6-3, по што направи брејк на стартот на последниот сет и го зачува до крај за триумф од 6-4.
Ивановски за место во четвртфинале ќе се бори против шестиот носител на турнирот, Тимо Легу.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…