“Траорно”: Пендиков во Бугарија ќе учел меѓународни односи па ќе се врател во Македонија да им помага на “Бугарите”
Чувството е поспокојно, ќе можам поспокојно да одам во Македонија, каде ми претстојат судски процеси и се надевам дека ќе завршат некогаш, изјави Христијан Пендиков кој денеска официјално ги доби документите за бугарско државјанство.
Тој се чувствувал позаштитен затоа што знаел дека го заштитува Бугарија и рече дека секој ден добивал закани по животот.
Пендиков планира да се запише на универзитетот во Бугарија, да учи меѓународни односи и човекови права, да заврши и потоа да се врати во Република Македонија, затоа што требало да се бори македонските Бугари да имаат исти права како сите граѓани кои живеат во Македонија.
-Секогаш ќе помагам бидејќи ние сме Бугари од Македонија кои треба да внимаваат еден на друг, рече Пендиков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…
Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…
Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…
Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…