Велика Британија им испрати на Украина нови ракети со дострел до 250 километри
Западен функционер изјави за Си-Ен-Ен дека Украина им дала ветување на Велика Британија дека ракетите ќе се користат само внатре во суверена територија на Украина, а не во Русија.
Денеска, Обединетото Кралство одобри испорака на ракети со долг дострел „Storm Shadow“ во Украина. Украина со месеци бараше вакво оружје од западните земји, но досега барањето не беше одобрено поради страв од ескалација на конфликтот.
„Storm Shadow“ е крстаречка ракета со долг дострел со стелт-способности заеднички развиена од Велика Британија и Франција, која обично се лансира од воздух. Дострелот на ракетите изнесува повеќе од 250 километри.
Западен функционер изјави за Си-Ен-Ен дека Обединетото Кралство добило гаранции од украинската влада дека ракетите ќе се користат само внатре во суверена територија на Украина, а не во Русија. Официјални лица на ОК постојано даваа изјави во кои Крим го идентификуваа како украинска суверена територија“.
Ракетата е „вистински клучен елемент во војната против Русија“, изјави висок американски воен претставник за Си-Ен-Ен, додавајќи дека „Сенка на бурата“ ги исполнува барањата на Киев што беа поставени од почетокот на војната. Како што објави Си-Ен-Ен, моменталниот максимален дострел на украинско оружје испратено од САД е помал од 80 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…