Зеленски му се заблагодари на британскиот премиер за ракетите со долг дострел
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на британскиот премиер Риши Сунак за обезбедувањето крстосувачки ракети со долг дострел, објави прес-службата на „Даунинг стрит“, цитирана од Ројтерс.
„Претседателот Зеленски му се заблагодари на премиерот за донацијата на прецизни ракети „Storm Shadow“ (Storm Shadow)“, се вели во пораката.
„Премиерот изјави дека е задоволен од исполнувањето на обврската преземена во февруари да ѝ обезбеди на Украина капацитет да се брани со оружје со долг дострел“, додаде прес-службата на Сунак.
Подоцна во текот на денот, Зеленски рече дека украинските сили вратиле некои позиции во близина на градот Бахмут, додаде ДПА.
Како резултат на „огромните напори“ на украинските војници, руската страна беше запрена, па дури и „истуркана“ во некои области, напиша Зеленски во „Телеграм“ по состанокот со генералната команда на армијата.
Тој додаде дека ситуацијата е под контрола и во другите делови од линијата на фронтот, забележува БТА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…