Објавено на:

Вучиќ задоволен од процесот на “разоружување” на Србија: Ќе имаме побезбедна средина

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а потоа се обрати пред медиумите.

Досега е предадено повеќе оружје отколку во четирите претходни операции за легализација, рече Вучиќ и посочи дека тоа ќе значи и побезбедна средина. Тој се осврна и на други мерки преземени по двете кривични дела, особено психолошка поддршка на децата и родителите.

„На Лајчак му ја пренесов мојата загриженост за ситуацијата на Косово и Метохија, особено на северот, а сето тоа се должи на страсната потреба на Курти да предизвикува конфликти“, рече Вучиќ.

Како претседател на Републиката, особено сум задоволен од она што го постигнавме со испраќањето полицајци во училиштата, рече Александар Вучиќ.

„Сите се чувствуваат неспоредливо побезбедно. На лето ќе добиеме нова генерација млади полицајци, кои веднаш ќе се вработат. Ќе спречиме 80 отсто врсничко насилство и 95 отсто потенцијално насилство врз наставниот кадар и сигурен сум дека и родителите и децата ќе се чувствуваат многу побезбедно“, рече претседателот на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…

Министерот за надворешни работи на БиХ го…

Министерот за надворешни работи на Босна и…