Денес е Свети апостол Јаков
Православните верници денеска го одбележуваат денот посветен на Свети апостол Јаков.
Син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесетте. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија.
Кога се врати од таму, Евреите со него почнаа да се препираат за Светото Писмо. Бидејќи никако не можеа да му побијат, најмија еден маѓесник Ермоген. Но, Ермоген и неговиот ученик Филип, обајцата беа победени од силата на Вистината што ја проповедаше апостолот и откако беа поразени се крстија. Тогаш Евреите го обвинија кај Ирод и го наговорија некој Јосија да го клевети апостолот. Овој Јосија го виде мажественото држење на светиот апостол и штом ја слушна јасната проповед за Вистината, се покаја и поверува во Христа. Кога го осудија на смрт Јаков, го осудија и Јосија.
Тој го молеше апостолот да му го прости гревот на клевета. А Јаков го прегрна, го целива и му рече: „Мир на тебе и прошка!“ И обајцата ги наведнаа главите под мечот и беа убиени за Господ Кого Го возљубија и Кому Му служеа. Свети Јаков пострада во 45 година во Ерусалим.
Неговото тело беше однесено во Шпанија, а на неговиот гроб и денес се случуваат чудесни исцеленија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…