Финале на Евровизија вечерва во Ливерпул: Картите за ВИП ложата изнесуваат неверојатни 4.260 евра
Вечерва во Ливерпул ќе се одржи финалето на 67-то издание на Евровизија, под мотото ,,Обединети од музика”.
Настанот ќе започне со настапот на Австрија, а учествуваат 26 земји. Од регионот, Србија настапува 5-та, Албанија 10-та, а Хрватска 25-та по ред. Македонија, како и Бугарија и Црна Гора нема да учествуват поради економската криза и големите трошоци за учество. Ваква одлука МРТ донесе минатата година.
Според последните резултати во обложувалниците, фаворит е Шведска и претставничката Лорин, со дури 52 проценти шанси за победа. Таа беше евровизиска победничка и во 2012 година.
Зад неа се Финска и Украина.
Минатата година на Евровизија победи Украина, но поради војната не беше во можност да биде организатор, па место неа домаќин е Ливерпул, односно Велика Британија.
МРТ1 ќе врши директен пренос на финалето на Евровизија со почеток од 21 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австрија победи на Евросонг 2025 во Базел
Австрија победи на Евровизија 2025. Победата ја…
Учесниците на Евровизија не смеат да веат…
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведе нови, построги…
Македонија е претпоследна на Детска Евровизија, победник…
Вечерва во Мадрид се одржа 22-то издание…
Швајцарија распишува референдум поради Евровизија
Изборот за песна на Евровизија следната година…
Захарова: Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија…
Овогодинешниот избор за песна на Евровизија „ја…