Објавено на:

И Ватикан го смени Уставот

t

Папата Франциск го претстави новиот устав на Ватикан, кој ќе ја прилагоди малата држава на потребите на модерното време и ќе го замени сегашниот Основен закон, усвоен во 2000 година во времето на папата Јован Павле Втори, јави ДПА.

Една од големите промени во него е промената на понтифичката комисија која ги врши законодавните овластувања во Ватикан. Промената значи дека за прв пат во неа ќе можат да држат функции и мажи и жени надвор од свештенството. Досега беше составена од кардинали.

Новиот устав создава и построги и подетални правила за одобрување на буџетот на Ватикан. Папската комисија ќе развие тригодишен финансиски план кој директно ќе му го претстави на папата на одобрување.

Новиот устав ја потврдува единствената специфичност и автономија на судскиот систем на Ватикан и ќе ги надополни и замени измените на регулативите и институционалните договори кои се веќе подготвени. Тој треба да стапи на сила на 7 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров за посредувањето на Ватикан: Предлогот е…

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја…

Русија и Украина би можеле да преговараат…

Државниот секретар на САД Марко Рубио денеска…

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е…

Ватикан го опиша исходот од разговорите во…

(Во живо) Лав XIV е првиот папа…

Новиот папа е Роберт Превост од САД,…

Со овации дочекан белиот чад на плоштадот…

Собраните на плоштадот „Свети Петар“ со ентузијазам…