Објавено на:

Македонски репрезентативец ја освои Лигата на шампионите во кошарка!

t

Германскиот тим Телеком Бон е победникот во годинешното издание на Лигата на шампионите (ЛШ) на ФИБА, откако во вечерашното финале во шпанска Малага го совлада израелскиот тим Хапоел Ерусалим (77-70).

Најзаслужен за оваој триумф беше Американецот кој од лани настапува за Македонија, Ти-Џеј Шортс, кој одигра брилијантно со што само потврди дека заслужено го доби МВП-признание во регуларниот дел од сезоната во ова натпреварување. Македонскиот репрезентативец со 29 поени беше најефикасен на мечот и тоа со одличен шут од поле (3/3 за тројка и 7/14 за двојка). Германците одлично се снајдоа во пеколот што го направија бројните навивачи на Хапоел, кои дојдоа во Шпанија да слават и кои сега разочарани ќе си заминат дома.

Ова беше своевидно „македонско“ дерби со оглед што предводник од клупата на составот од Ерусалим беше поранешниот селектор на жолто-црвената селекција, Александар Џикиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Најдете си некој кој ќе ве…

Бугарија е подготвена да го надгради стратегиското…

Трамп разгледува удари врз Харг, клучниот центар…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува…

(Фото) Повеќе од 30 функционери на СДСМ…

Повеќе од 30-тина поранешни и актуелни истакнати…

МНР со жестока реакција на бугарските провокации:…

Во Министерството за надворешни работи и надворешна…

МНР го обвинува Радуков дека се меша…

Денеска, во Министерството за надворешни работи и…