Објавено на:

Браво: Калин Ивановски „скокна“ 46 места за најдобар АТП-ранкинг во кариерата!

t

Пласманот во финалето на турнирот во Куршумлијска Бања, во кое загуби од седмиот носител Клемен Табур (4-6, 6-4, 2-6), на најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски му донесе драстичен скок на АТП-листата, а со тоа и најдобар пласман во кариерата.

Новите бодови освоени во Србија на најдобриот Македонец му го донесоа 413. место во светот, што е за 46 места подобро од претходната недела. Оваа ранг-листа официјално ќе важи од следниот понеделник, но уште од сега е актуелна на сајтот на АТП.

Промена доаѓа на самиот врв, каде што Карлос Алкараз од следната недела ќе биде предводник на светскиот тенис, без разлика како ќе го заврши настапот на мастерсот во Рим, кој е во тек. За такво нешто му требаше само да ја мине првата пречка, што лесно му успеа, па обезбеди да го прескокне Новак Ѓоковиќ, кој досега беше предводник на карванот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…

Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…

Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…

Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…

Проектот за уредување на коритото на реката…

Затвор за разговор со странски новинари: Иран…

Иран го заострува притисокот врз медиумите со…