Уапсен професор во средно училиште: Им се заканувал на ученици кои цртале кукасти крстови
Професор во средно училиште во американската сојузна држава Висконсин, кој е Евреин, бил уапсен поради терористички закани кон учениците кои цртале кукасти крстови на хартија во неговата училница, соопшти локалната полиција.
Според полицискиот оддел на Графтон, град северно од Милвоки, наставникот од седмо одделение наводно им рекол на учениците дека има 17 пиштоли во подрумот и дека не се плаши да ги употреби, пренесе АП.
Наставникот Џон Лонг, за кој полицијата вели дека е Евреин, бил налутен од цртежот и, меѓу другото, се заканил дека ќе ја испрати својата ќерка во домовите на учениците со безбол палка, објави локалната телевизија.
Полицијата го приведе Лонг му одреди притвор поради две обвиненија за кривично дело: терористички закани и изложување на деца на штетен материјал.
Надзорникот на Графтон, Џеф Нелсон, во петокот, во писмо испратено до семејствата, рече дека наставникот е ставен на итно отсуство и отстранет од училиштето.
„Наставникот нема да има контакт со учениците додека не заврши истрагата“, рече Нелсон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…