Фон дер Лајен и Шарл Мишел ја поздравија рекордно високата излезност на изборите во Турција
Претседателите на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ја поздравија „многу силната излезност“ на неделните парламентарни и претседателски избори во Турција и ја оценија како „победа“ на демократијата.
Излезноста на гласачите беше речиси 90%, а вториот круг од претседателските избори ќе биде на 28 мај во недела.
„Многу силниот одѕив на гласачите на овие избори е навистина добра вест… Тоа е јасен знак дека турскиот народ е посветен на остварување на своите демократски права“, рече Фон дер Лајен на прес-конференција со Шарл Мишел, кој исто така им честиташе на граѓаните на Турција.
„Сепак, изборите не се завршени. Треба да почекаме да ги видиме резултатите од вториот круг, а ние тоа многу внимателно го следиме“, рече претседателката на Европската комисија, додавајќи дека Турција е „важен партнер“ на ЕУ.
Турција, членка на НАТО, официјално е кандидат за ЕУ, но преговорите за пристап формално започнати во 2005 година се во застој веќе неколку години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…
Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…
Кос: Албанија би можела да стане членка…
Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…
Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…
Целосното и навремено членство на земјите од…
Ердоган го ратификува договорот за заедничка одбрана…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално го…
Турција го суспендира безвизниот режим за граѓаните…
Со указ на турскиот претседател Реџеп Таип…