Објавено на:

Кремљ: Кој и да биде претседател на Турција, нашата соработка ќе напредува

t

Кремљ денеска соопшти дека односите меѓу Москва и Анкара ќе продолжат да се „продлабочуваат“ без разлика кој ќе победи во вториот круг од претседателските избори во Турција.

„Со големо внимание и интерес ги следиме информациите што доаѓаат од Турција. Ќе го почитуваме изборот на турскиот народ. Но, во секој случај, очекуваме нашата соработка да продолжи, продлабочи и да се развива“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Според него, Русија и Турција имаат заемно корисна соработка во енергетиката, туризмот, трговијата, земјоделството и воздушниот транспорт.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е на власт 20 години, во тесното гласање вчера, не успеа да победи во првиот круг. Второто изборно соочување меѓу актуелниот претседател и неговиот ривал Кемал Киличдароглу е закажано за 28 мај.

Историски компликуваните односи меѓу Турција и Русија драстично се подобрија во последните години, водени од пријателството меѓу Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

Киличдароглу минатата недела ја обвини Русија за мешање во предизборната кампања, обвинувајќи ја дека стои зад објавувањето на изменети слики што поттикнаа еден опозициски кандидат да се повлече од трката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…