Силен циклон доаѓа во Грција: Разочарување за тие што планираа да одат таму периодов
Не само во Македонија, туку и во целиот регион, под влијание на многу силен циклон, мај минува со многу променливо време и посвежи температури од просекот за овој период од годината.
До средината на оваа недела и на грчкото крајбрежје се очекува многу променливо време, особено на подрачјето на Јонското Море и на Халкидики.
Грција на почетокот на неделава ќе биде под влијание на силен циклон со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи. Најобилни врнежи се очекуваат на островите во Јонско Море и на северозападниот брег, на север и североисток и на подрачјето на Халкидики и Олимпискиот регион.
На одредени локации се очекуваат и над 100-150 литри на метар квадратен, особено во северозападните предели на Грција, со можност за локални поплави и порои. Ќе дува силен и бурен јужен ветер кој ќе носи повеќеметарски бранови.
По средината на оваа недела се очекува стабилизирање на времето. Грчкото крајбрежје ќе има сончево и топло време со температура од 24 до 30°C, а посвежо ќе биде само на островите во Егејското Море, со температури до 22°C, пред се поради ефектот на ладење од постуденото море.
Потоа до крајот на мај се очекува претежно сончево и топло време со умерен, а на островите и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде претежно од 25 до 30°С.
Температурата на Егејското Море деновиве е од 15 до 17°С, а на Јонското од 17 до 19°С. Кон крајот на мај температурата на Јонското Море би била од 20 до 22°С, а на Егејското Море од 18 до 20°С, пишува „Телеграф“.рс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…