Објавено на:

Ќе ги остават на цедило? Се ближи крајот на американската помош за Украина, пишува “Политико”

t

Околу 6 милијарди долари остануваат во пакетот помош од 48 милијарди долари за Украина што Конгресот на САД го одобри минатата година во декември, што значи дека американското финансирање за оружје и залихи може да пресуши до средината на летото, пишува европското издание на магазинот Политико. Тоа предизвикува нова загриженост кај американските пратеници за тоа што следно планира Белата куќа, вклучително и кога администрацијата ќе побара уште еден голем пакет и дали тоа ќе биде доволно.

Како што се наведува во текстот, финансирањето сепак според многу членови на Конгресот треба да продолжи да тече без прекин, особено кога Киев се подготвува да ја започне сеопфатната контраофанзива и да ја врати територијата изгубена на Исток од Русите.

„Од клучно значење е администрацијата да и го обезбеди на Украина она што и е потребно за да ја одбрани и поврати нејзината суверена територија“, им рече сенаторката Сузан Колинс (Р-Мејн) на челниците на Пентагон за време на сослушувањето одржано минатата недела в четвртокот.

„Очекуваме администрацијата да не чека до последен час ако на Украинците им треба повеќе пари пред крајот на фискалната година – додаде таа.

Во меѓувреме Белата куќа разговара за новиот пакет на помош за Украина кој ќе биде темпиран за да продолжи да тече помошта за оваа земја – вели висок функционер на администрацијата на Белата куќа кој сакаше да остане анонимен. Официјалниот претставник додаде дека не е јасно како би можеле да се променат потребите на Украина за време или по контраофанзивата, но дека администрацијата е „целосно посветена“ на поддршката на Киев за време и по војната „на долг рок“.

Сепак магазинот забележува дека, ова не е истиот Конгрес кој ја одобри последната голема сума пари за Украина, ниту пак истиот сплет на околности. Овој пат, секој предлог на Белата куќа кон крајот на летото може да наиде на жестока дебата за горната висина на долгот на САД и речиси сигурно ќе се соочи со противење од мала, но гласна група републиканци кои сакаат да ги намалат трошоците за Украина.

Оригиналниот пакет на помош за Киев од 48 милијарди долари одобрен во декември вклучуваше околу 36 милијарди долари за Пентагон да обезбеди широк опсег на воена помош за Украина. САД досега испратија илјадници артилериски гранати, финансираа помош во тенкови и испорачаа оклопни возила и напредни системи за воздушна одбрана на украинската војска. Помошта им овозможи да ги одбијат руските напади додека се подготвуваа за претстојната офанзива што би значело и пробивање на тешкиот ќор-сокак од стотици милји од линијата на фронтот, пишува Политико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…