ЦЕЛОСНА ХАВАРИЈА НА ГИМНАЗИИТЕ: Во Ростуше 12, во Центар Жупа „дури“ 18 матуранти!
Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта. Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.
– Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура – изјави за МИА Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.
Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета.
Идентична квота за упис во права година има и во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде се предвидени две паралалки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.
– Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наствата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријаени за полагање државна матура, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.
Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18 додека во Центар Жупа за пет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…