Маск за Сорос: Го мрази човештвото, ист е како Магнето!
„Претпоставуваш дека тие (неговите) се добри намери. А не се. Тој сака да ја уништи самата структура на цивилизацијата. Сорос го мрази човештвото“.
Вака му одговори Илон Маск на еден твитерџија кој го бранеше Џорџ Сорос, познатиот милијардер и филантроп.
Потоа, Маск напиша уште еден твит во кој го според Сорос со познатиот негативец Магнето од филмот Х-мен. Во приказната на филмот, Магнето го има преживеано Холокаустот исто како Џорџ Сорос.
Набрзо Маск беше нападнат дека со изјавата заговарал антисемитски идеи кои ќе ги охрабрат екстремистите.
„Еј, престани да ме клеветиш“, му напиша тој на Џон Гринбалт, граѓански активист.
Маск ги бранеше своите ставови за Сорос и во интервју за Си-Ен-Би-Си.
„Ќе го кажам тоа што сакам да го кажам, а ако последицата од тоа е да изгубам пари, нека биде така“, рече Маск.
Soros reminds me of Magneto
— Elon Musk (@elonmusk) May 16, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…
Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…
Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…
Недостиг од речиси осум тони сув цвет…
Дали изборот за шеф на ОЈО ГОКК…
Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…
Во „Идризово“ еден лекар се грижи за…
Недостигот од лекари, долгото чекање за специјалистички…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…