Дали изборот за шеф на ОЈО ГОКК е „изборна местенка“?

t

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Извори на Инфомакс од Обвинителство велат дека веќе има сомнежи за нерегуларности, иако гласањето е започнато пред само три часа.

Преку директен избор со тајно гласање вкупно 187 јавни обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмината пријавени кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Комисијата за спроведување на изборот, формирана од Советот на јавните обвинители, е во состав – Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Петмината кандидати на седница на Советот на ЈО на 13 октомври годинава ги претставија своите програми. Во фокусот на сите се јакнењето на истражните капацитети, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги, ефикасноста во постапувањето и поголемата независност на Обвинителството.

Огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.

Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…

Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…

„Сум бил свиња и сакал да ме…

Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…

ОЈО бара забрана за предавање за професорката…

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…

Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…

ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…