Објавено на:

Филмско бегство на српски нарко бос од колумбиски аеродром

t

Полицијата во Колумбија трага по српскиот државјанин А.М., осомничен за шверц на поголема количина дрога од Јужна Америка во Европа, откако спектакуларно избега од аеродромот во Рионегро, кај Меделин, во моментот кога требало да биде екстрадиран во Италија!

Осомничениот бил уапсен на 9 мај откако со лажни документи пристигнал во Колумбија од Доминиканската Република. Полицијата тогаш утврдила дека се работи за тежок криминалец кој соработува и со озлогласената италијанска мафија „Ндрангета“ и кој е осомничен дека учествувал во шверц на големи количества кокаин, хероин и хашиш од Јужна Америка во Европа.

Планот на полицијата бил да го качи во авион и да им го предаде на италијанските власти кои подолго време трагаат по него.

Меѓутоа, кога во средата во 19 часот и 30 минути на аеродромот „Хозе Марија Кордова де Рионегро“ пристигнал српски државјанин во придружба на полиција, побарал дозвола да купи шише вода, по што започнала филмска сцена, пред неколку стотици луѓе.

Осомничениот го искористил невниманието на полицијата и почнал да трча кон излезот. Пред аеродромот го чекал црн џип Ауди Q7 во кој имало неколку мажи, најверојатно негови соработници. Во еден момент почнале да пукаат кон полицајците кои биле принудени да возвратат. Сепак, српскиот државјанин успеал да стигне до автомобилот и да избега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Весиќ го промовираше новиот брз воз: Белград-Скопје…

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на…

„Фајненшл тајмс“: Србија индиректно извезла муниција во…

„Фајненшл тајмс“ (Financial Times) објави проценки дека…

Вучиќ: Србија мора да биде подготвена на…

Живееме во свет во кој нема безбедност,…

Милановиќ: Хрватите и Србите не ги спои…

Хрватите и Србите ги обедини соработката, а…

Хрватската фудбалска федерација демантира: Само Албанците скандираа…

Хрватскиот фудбалски сојуз добил известување од УЕФА…