Објавено на:

Ѓоковиќ го затвара неговиот тениски клуб: Целиот имот се враќа во сопственост на градот Белград

t

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на 1 јуни ќе го врати својот Тениски центар во сопственост на градот Белград, што воедно значи дека неговиот клуб ќе престане да работи.

Компанијата „Тара 2016 С“ во сопственост на Новак и Јелена Ѓоковиќ донесе одлука земјиштето и објектите во рамките на Тенискиот центар Новак на Дорќол да му ги врати на градот Белград.

Во оваа прилика семејството Ѓоковиќ се огласи со соопштение кое во целост ви го пренесуваме.

„Долго размислувавме и донесовме не толку лесна одлука да престанеме да работиме и да управуваме со земјиштето, објектите и да ја чуваме тениската оаза по повеќе од десет години. Со голема благодарност го враќаме земјиштето на градот Белград.

На ова место десетици илјади деца тренираа тенис и заедно со своите родители создадоа спомени и успеси кои ќе траат вечно. Организиравме седум меѓународни АТП турнири, еден ВТА турнир, ги добивме најдобрите оценки за организацијата, а најубавата слика од Белград, Калемегдан и Србија ја испративме на целиот свет. Ние сме горди на тоа.

Би сакале да им се заблагодариме на сите надлежни претставници на локалната самоуправа, Градот Белград, Владата на Република Србија, Министерството за спорт, Тениската федерација на Србија, бројните компании за нивната огромна помош и поддршка во сите досегашни години.

Им благодариме на илјадниците луѓе кои поминаа време во тенискиот центар и напредуваа заедно со нас, создавајќи незаборавни моменти. Конечно, им должиме огромна благодарност на нашите вработени кои веруваа во нашиот проект и визија. Сигурни сме дека ова место ќе остане спортска душа на Дорчол и Белград.

Управниот одбор на нашата компанија ќе го насочи фокусот на работата на нови проекти, од кои некои ќе продолжат да се занимаваат со тенискиот развој на децата и младите. За ова јавноста ќе биде навремено информирана“, се посочува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…