Зеленски се пишмани: Бахмут сепак не е заземен од Русите?
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, не потврди дека руските сили го зазеле градот Бахмут на истокот на Украина, изјави денеска неговиот портпарол Серхиј Никифоров.
Никифоров на Фејсбук напиша дека на новинарско прашање дали е вистина дека Русите рекле дека го фатиле Бахмут, Зеленски одговорил: „Не мислам така“. „На овој начин претседателот негираше дека Бахмут бил окупиран“, тврди Никифоров, пренесе Ројтерс, пренесува Танјуг.
Претходно таа британска агенција објави дека Зеленски, на прашањето дали Бахмут се уште е под контрола на Киев, одговорил: „Не мислам така“. „Денес Бахмут е само во нашите срца“, рече Зеленски, додавајќи дека „таму нема ништо“.
Американската агенција Асошиетед прес исто така објави дека Зеленски потврдил дека Русија ја презела контролата врз Бахмут.
Како што пренесува АП во првиот извештај, Зеленски рекол дека верува оти Украина го изгубила тој град, но додаде дека „таму ништо не останало“ и дека Русите „уништиле се“.
Борбите за Бахмут траеја осум месеци и ги водеше руската приватна паравоена организација „Вагнер“ со поддршка на руската армија.
Евгениј Пригожин, водачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“, првпат во саботата објави дека руските сили ја презеле целосната контрола над Бахмут.
Руското Министерство за одбрана тогаш потврди дека Бахмут е „ослободен“, по што рускиот претседател Владимир Путин им честитал на организацијата „Вагнер“ и на припадниците на руските вооружени сили за заземањето на тој украински град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…