Руската „Мртва рака“ ги плаши Американците
Само добро упатените западни лидери и експерти ја разбраа тежината на пораката што неодамна јавно ја изговори Владимир Путин и таа гласеше: „Ако ја нема Русија, нема да ги има ниту оние кои ја нападнаа“.
Токму во тој контекст трите големи сили САД, Русија и Кина имаат воени адути во ракав на кои впрочем и се потпира нивната влијателност во светот. Сепак од трите, Русија можеби го поседува најголемата моќ за воено одвраќање. Токму затоа, не треба да чуди што Вашингтон никогаш не се осмелил досега до крај да ја испровоцира Москва во отворен конфликт, пишува белградска „Политика“.
Според достапните податоци, низ годините наназад САД распоредиле најмалку 2.000 воени бази ширум светот. Тие стационираа војници таму и складираа многу оружје. Во случај на вонредна состојба, без разлика со која земја би војувала евентуално Америка, овие воени бази во принцип стануваат моќна поддршка за САД и им пружаат помош на бојното поле. Еклатантен пример за тоа е токму и потегот на САД кога распоредија 50.000 свои војници во Јапонија.
Кој е скриениот адут на Русија што САД го немаат
Но, Русија има недостижна предност, тоа го признаваат Американците. Тоа што има повеќе нуклеарни бомби од САД, што има ракети со атомски боеви глави како Сармат, Р-36М (НАТО класификација „Сатана“), Топол-М и други, не е вистинска причина за почит.
Според компаративните податоци на руската веб-страница „Војување“ и Британскиот меѓународен институт за стратешки студии, руските копнени сили поседуваат повеќе од илјада борбени возила, кои Русите ги нарекуваат „град“ (по врнежите), а кои се на некој начин потомок на познатата „каќуша“ со која црвената армија влезе во Берлин. Руските вооружени сили имаат и околу 700 „носачи“ на нуклеарно оружје кои вклучуваат стратешки бомбардери, подморници на нуклеарен погон и закопани силоси за интерконтинентални балистички ракети. Но ниту тоа не е она што ќе преовлада на теренот.
Денес најголемиот адут во рацете на Москва не се сите овие предходно наброени оружја, туку системот „Периметар“ или „Рака на смртта“, како што го крстија западните воени аналитичари. Тоа е поопасно и порешително од цел арсенал нуклеарно оружје.
Одвраќачката моќ на овој систем надминува сè друго во светот, признаа американските власти.
„Периметарскиот систем за управување со нуклеарно оружје на Русија не само што ја преживеа Студената војна, туку и се усовршува“, предупреди еден од најпознатите американски експерти Брус Блер.
За разлика од основниот систем за контрола на стратегиските ракети „Казбек“, кој е познат благодарение на комплексот „Чегет“ или „атомски куфер“, каде командата ја извршува човечката рака, овде ракетите си даваат сами наредба да стартуваат. Како што наведува белградска Политика на Русите низ времето им беше јасно дека ќе се развијат средства за радио-електронско војување и потенцијално ќе биде можно да се блокираат каналите преку кои се контролираа стратешките нуклеарни сили. Затоа, беше дизајниран и спроведен резервен план за гарантирана одмазда со лансирање ракети со нуклеарни боеви глави од сите ископани силоси.
Ако нема одговор, започнува
„Периметар“ е комплекс на автоматски масовен одмазднички нуклеарен удар. Тој е дизајниран да дејствува веднаш штом Соединетите Држави ќе извршат ненадеен напад врз Русија, при што овој систем се активира за контранапад. Едноставно кажано, тоа функционира на принципот: „Ако умрам, тогаш не можеш ни ти да живееш“. Овој комплекс може да го лансира најмоќниот контранапад на светот, поради што го нарекуваат и „супероружје на судниот ден“.
По завршувањето на Студената војна, советското воено раководство сфати дека само една нуклеарна ракета ќе биде доволна да го уништи командното место од кое се контролира нуклеарниот арсенал.
Нова ракета во закопан силос што може да издржи директен удар од нуклеарна боева глава има претходно поставени координати на летот и радио сигнали што ќе ги испрати до други проектили за време на својот лет. Како основа за новата ракета е избрана УР-100Н (интерконтинентална балистичка ракета, според класификацијата на НАТО СС-19 „Стилето“).
Инженерите специјално направија нова боева глава со моќен предавател за неа. Прототипот беше испратен на првото тестирање во руската армија. Првите тестови покажаа дека ракетата лета 4.500 километри на височина од 4.000 метри и успешно испраќа радио сигнали до други објекти за време на летот. Руската воена команда изврши „борбени испитувања“ за да тестира дали новото оружје може да отвори вистински закопан силос и да ја лансира најмоќната руска нуклеарна ракета на наменетата цел.
Командната ракета беше лансирана во Белоруската ССР и успеа да испрати команда за активирање на закопан силос за лансирање во близина на Бајконур, Казахстан. Од силосот беше лансирана интерконтинентална ракета Р-36М (според класификацијата на НАТО СС-18 „Сатана“ и успешно ја погоди целта на полигонот Кура во Камчатка. Така, сите фази на тестирање се завршени. Се покажа дека новото оружје може да лета над целата територија на Советскиот Сојуз и истовремено да пренесува оперативни команди на други интерконтинентални балистички ракети на патот.
Напаѓа без човечка команда
Затоа, овој систем е радикално различен од сите други, бидејќи може самостојно, без човечка команда, да го заспие непријателот со стотици боеви глави. Доколку избие нуклеарна војна меѓу САД и Русија, системот „Мртва рака“ ќе се активира и ќе премине во режим на автоматско следење за да открие знаци на радијација, земјотреси и нуклеарни експлозии во земјата со помош на сензори на теренот.
Доколку системот не добие одговор на високо ниво од руската висока команда во одреден временски период, тоа ќе го идентификува како напад врз Русија. Тогаш ќе започне одмаздничкиот напад врз САД – „Мртвата рака“ ќе даде наредба, а сите преостанати нуклеарни проектили што избегнале уништување ќе бидат лансирани кон веќе програмираните цели. Затоа Владимир Путин толку заповедно изјави: „Ако нема Русија, што ќе прави светот?“ Очигледно, неговата решителност и порака се темели на овој „смртоносен“ адут.
САД се уште немаат автоматско активирање на нуклеарките
„Мртвата рака“ се состои од проектили, но и радари лоцирани на територијата на Русија, а исто така и сателити кои собираат податоци од вселената. Станува збор за сложен компјутерски систем кој постојано анализира широк опсег на параметри како што се сеизмичката активност и нивоата на радијација, а исто така ги следи податоците од системите за рано откривање на проектили лоцирани долж руската територија.
За време на експлоатацијата, овој систем беше модифициран неколку пати. Како прво, Русија ги интегрираше во него своите нови средства за радио-електронско извидување, како што се радарите од класата Воронеж кои детектираат лансирани проектили во радиус од 7.000 километри. Второ, инженерите ја модифицираа боевата глава за да се спротивстави на новите средства за радио-електронско војување што сега се појавуваат и ги потиснуваат радиосигналите“, рече еднаш Иван Коновалов, директор за развој во Фондот за унапредување на технологиите на 21-от век.
Слични технологии се развиени во САД. Сеизмологијата и сензорите за радијација се користат за следење на делови од САД и светот за нуклеарни експлозии и други активности, но американската војска никогаш не создала автоматски активирач за својот арсенал.
Затоа двете сили не сакаат да влезат во ситуација на тотална војна или потенцијален генерален нуклеарен дуел, бидејќи тоа сценарио вклучува финале во кое ќе нема победник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…
Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…