Битиќи најави раст на платите за 10 до 20%
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи го поздрави фактот што просечната исплатена нето плата по вработен во Република Македонија според официјалните податоци на Државниот Завод за Статистика за месец март 2023 година, објавени денес, е рекордни 34.925 денари.
Индексот на исплатената нето плата за месец март 2023 споредена со исплатената просечна нето плата по вработен за март 2022 е 112,4 и веќе се доближува до индексот на трошоците на живот (инфлација) кој за месец март според ДЗС изнесуваше 114,7.
Трендот на намалување на инфлацијата, како што нагласува Битиќи, ќе продолжи и понатаму во текот на оваа 2023 година, тоа го покажуваат и сите релевантни институции во своите проекции: НБРСМ, Светска Банка, ММФ.
-Оваа влада со носењето на предвидливи и конзистентни економски политики и понатаму ќе овозможи константно зголемување на стандардот на своите граѓани чии плати се очекува да продолжат да раснат 10-20% во наредните неколку месеци. Дополнително креираме нови високо платени работни места, носејќи инвеститори кои воведуваат нови технологии и чии производи и услуги имаат висока додадена вредност, што неодминливо ја зголемува продуктивноста на целокупната домашна економија, а тоа е основниот двигател на растот на платите кои се повеќе и повеќе ќе растат, соопшти Битиќи.
Како што објавија од ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.0 %), Преработувачка индустрија (6.6 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.4 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2023 година, изнесува 52 318 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…
Заедништвото е клучната порака која во наследство…
Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да…
Нема да има рестрикции на струја по…