За што се подготвуваат САД?! Сателитски телефони поделени на сенатори, можат да се користат дури и при нуклеарна експлозија!
На најмалку 50 американски сенатори им се дадени сателитски телефони за користење во итни ситуации, објави CBS News.
Телефоните биле дистрибуирани како дел од голем број нови безбедносни мерки на Сенатот и беа понудени на секој сенатор. Не е јасно кои сенатори се согласиле да учествуваат во новата мерка, односно да добијат ваков телефон
Минатиот месец, наредникот во Сенатот за оружје, Карен Гибсон, му објасни на Комитетот за доделување средства на Сенатот дека сателитската комуникација „ќе обезбеди безбедни средства за комуникација за време на вознемирувачки настан“, додавајќи дека телефоните ќе ги поддржат безбедносните мерки за време на вонредна состојба во Соединетите Американски Држави.
Совет од Одделот за домашна безбедност рече дека сателитски телефони се користат за „координирање на напорите за одговор и обновување во оддалечените области, каде што нема фиксни или мобилни телефонски мрежи или во области каде што постоечките мрежи се оштетени или преоптоварени за време на природна катастрофа (на пр. тешки временски услови или земјотрес) или инцидент предизвикан од човекот, вклучувајќи потенцијални хемиски, биолошки, радиолошки, нуклеарни или експлозивни настани“.
„Сателитските мобилни телефони можат да помогнат во одржувањето на командните и контролните функции за време на итен случај кога постојните комуникациски мрежи не функционираат. Овие телефони се дизајнирани да бидат релативно цврсти и едноставни за ракување, но се поскапи од мобилните телефони за купување и користење“, се додава во натписот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…
Некои од највисоките американски воени функционери биле…
Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…
Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…
Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…
Белата куќа на својот официјален сајт претстави…
Холандија повлече 86 тони злато од САД…
Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…