Објавено на:

Борел за Западен Балкан, посебно за Србија: Не може и ЕУ и Русија

t

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека разговарал за руското влијание со министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и дека истакнал дека блиските врски со Русија не се компатибилни со евроинтеграциите.

Борел на прес-конференцијата по ручекот со министрите рече дека ЕУ ја поздравува стратегијата на оние земји кои целосно се согласија со надворешната политика на ЕУ и санкциите против Русија и дека на оние кои не се согласуваат, вклучително и Србија, им укажале дека „ Блиските врски со Русија не се компатибилни со европската интеграција“.

Како што рече, ЕУ разбира дека тоа е национален интерес, но велат дека не е компатибилен со пристапниот процес.

„Сакаме да работиме на проширување и испративме порака дека кандидатите мора да го препознаат напредокот во пристапот. Сега е време земјите кандидати да ги забрзаат реформите и да го подготват своето население за членство. Ова е единствена можност и мора да се искористи“, рече Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…

Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…

Не треба да се мешаат билатералните прашања…