Украина нема во скоро време да стане членка на НАТО, вели Шолц
Украина најверојатно нема да може да стане членка на НАТО во догледна иднина бидејќи не исполнува голем број услови за прием, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно овој месец изјави дека сите членки на Алијансата се согласиле да го пречекаат Киев, но само ако и кога ќе ја победи Русија.
Шолц за германскиот весник „Ди Велт“ изјави дека засега западните поддржувачи на Украина треба да се фокусираат на помагање на Киев да се одбрани, а во иднина ќе биде неопходно да се разговара за безбедносните гаранции за Киев.
-Но, сега сме далеку од тоа, рече Шолц.
На прашањето дали теоретски би поддржал Украина да влезе во НАТО по завршувањето на воениот конфликт со Русија, германскиот канцелар кажа дека „на сите им е јасно дека тоа нема да биде на дневен ред во блиска иднина“.
Според Шолц, една од причините за тоа е што има цела низа барања кои припаѓаат на критериумите на НАТО кои Украина во моментов не може да ги исполни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…
Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој…