(Видео) Страшна средба: Мечка нападна човек во Босна и Херцеговина

t

Инцидент имало во просториите на фирмата „Бинас“ во Бугојно, Босна и Херцеговина, кога мечка нападнала чувар.

Како што може да се види на видеото објавено на Фејсбук профилот „Бугојно денес“, мечката била бркана од кучиња, по што побегнала во фирмата.

На видеото се гледа како чувар се приближува за да види што се случува, по што мечка трча кон него, го клоца и паѓа на подот.

Мечката потоа бега во непознат правец.

Случајот не бил пријавен во полиција, а работникот бил неповреден, пишува порталот Кликс.

Минатиот четврток Кликс објави дека ловечко друштво во Сараево се обидувало да скроти мечка која шетала низ улиците на неколку населби во областа на Стариот град на Сараево, вклучително и Вратник.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мечка се прошета на паркинг во…

Мечка синоќа била забележана на паркинг во…

Детали за нападот од мечка кај село…

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко…

Трагедија во БиХ: Момче загина додека чувало…

Деветнаесетгодишно момче загина на минско поле во…

Мечка со камења мавала автомобил во Црна…

Нападите од мечки во северните општини на…

Жена нападната од мечка во тетовското село…

Вчера околу 18 часот во СВР Тетово…