Турција ја тестираше балистичката ракета Тајфун
Ново тестирање на турската балистичка ракета Тајфун е извршено денеска во турскиот град Ризе. Домашно произведената балистичка ракета со краток дострел може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди.
Пред тестирањето беа преземени опсежни безбедносни мерки на аеродромот Ризе-Артвин и неговата околина.
Тестирањето на Тајфун е извршено во 06:44 часот по локално време (05:44 по средноевропско време) и заврши без инциденти.
Претседателот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир на социјалните мрежи објави снимка од ракетното тестирање.
Ракетата е изработена од компанијата „Roketsan“.
„Успешно извршивме ново пробно истрелување на ракетата Тајфун. Им честитам на сите што придонесоа, особено на „Roketsan, рече Демир.
Пробното истрелување на ракета Тајфун е извршено од аеродромот Ризе-Артвин на 18 октомври 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…